Јаневски: Да ја продолжиме успешната приказна на Струмица

- Дванаесет години Струмица испишува успешна приказна, посочена за пример како треба да работи една локална власт. Затоа, денеска, стојам овде пред вас и ве повикувам заедно да ја продолжиме и во следните четири години, рече на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски.

- Ние знаевме како, Вие ни верувавте и ни ја давате Вашата поддршка. Да продолжиме и понатаму заедно да ја развиваме и градиме Струмица и да носиме ЖИВОТ ЗА СИТЕ. За иднината на општина Струмица нудиме многу проекти. Во претстојниот мандатен период планираме да реализираме над дваесет капитални и стотина други помали проекти кои се од интерес за сите граѓани во Општината, рече Јаневски.

Додаде дека, ќе го слушаат гласот на граѓаните и дека ќе градат по план.

- Ќе обезбедиме инфраструктура за сите, здрава животна средина, ќе ги намалиме разликите меѓу градот и населените места. Ќе работиме посветено и одговорно. Затоа утре бидете дел од конвенцијата на СДСМ, на која ќе ви ја презентираме визијата за иднината на нашиот град. Струмица беше и ќе остане симбол на демократијата и на желбата за слободно граѓанско општество, Општина која беше и секогаш ќе биде прва, рече Јаневски, барајќи ја поддршката од граѓаните на изборите.

 

 

 

25.09.2017 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега