Илјаз: Барам да му дадете поддршка на Тилевски за Охрид да стане уште поголем туристички центар во регионот и пошироко

Пред охриѓани денеска на премиерот митинг во Охрид се обрати и претставник од коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Пред граѓаните на Охрид се обрати Бејџан Илјаз од Демократската партија на Турците во Македонија. Тој кажа дека тие вечерва стојат гордо пред граѓаните преставувајќи го одличниот кандидат за градоначалник, како и одличните кандидати за советници.

-Бараме поддршка за да ни дадете енергија, за сите заедно да продолжиме понатаму со уште посилни чекори, да ни дадете поддршка за да покажеме и докажеме дека Охрид знае и умее да живее во соживот. Барам да му дадете шанса на нашиот кандидат за градоначалник кој верувам дека со својата програма ќе успее градот да го издигне на уште повисоко ниво и како резултат на тоа, Охрид во наредниот период ќе стане уште поголем туристички центар во регионот и пошироко, изјави Илјаз.

Тој кажа дека тие како партија која има одлични односи со Владата и институциите во Турција, ги увери граѓаните дека во координација со следниот градоначалник на градот ќе ги направат сите напори да привлечат уште повеќе туристи, а исто така и инвеститори, кои со своите инвестиции би допринеле за развојот на градот и отварање на нови работни места за младите.

-Ние никогаш не ветуваме премногу, туку го ветуваме она што знаеме дека можеме да го исполниме , а вие веќе многу добро знаете со каква посветеност работиме ние. Од вас, а посебно од Турците кои живеат во Охрид, ја барам довербата , барам доверба за кандидатот за градоначалник и советничката листа на коалицијата „За подобра Македонија“, изјави Илјаз.

Илјаз порача дека сака Охрид уште еднаш да докаже дека многу добро ги познава квалитетот и работата.

 

 

 

25.09.2017 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега