Груевски: Бакрачески успеа да го намали долгот на општина Охрид и да реализира најголем дел од ветените проекти

Како претседател на владата се сеќавам дека долги години бевме попречувани да направиме нешто за овој град, и кога ќе направевме тогашниот градоначалник имаше некој чуден обичај пред ние да дојдеме и да го промовираме тоа, тој да излезе и да го промовира како проект што тој го завршил, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од Охрид од каде партијата која ја предводи Коалицијата „За заедничка Македонија“ вечерва ја започната изборната кампања за локалните избори.

-Бидејќи немавме друг таков случај во Македонија, мислев дека по таа работа е единствен тој човек, но подоцна кога пред 4 години мнозинството граѓани ја даде довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, на актуелниот градоначалник Никола Бакрачевски,  се уверив дека навистина тоа што се збореше е и вистина, дека градоначалникот на СДСМ, не бил единствен само по китењето со туѓи перја, туку и по тоа што направил најзадолжена општина во државата со долг од 33 милиони евра, со блокирана сметка и со многу проблеми, вели Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека во четири години Бакрачески заврши одлична работа, и не само што успела да го намали долгот на општината за 13 милиони евра, туку со многу проекти работа и труд, со заеднички напори успеале да реализираат најголем дел од ветеното.

 

 

 

25.09.2017 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега