Заев:СДСМ кандидира чесни и искрени луѓе кои обединуваат

Програмата на СДСМ и коалицијата за општините во Република Македонија се потпира на 4 столба. Првиот - градиме по план и во договор со заедницата за потребите на сите граѓани. Градиме квалитетно и одговорно со материјали кои траат и издржуваат, без импровизации, без провизии. Второ, работиме за чиста вода и чист воздух. Имаме план како да ги организираме комуналните претпријатија, да ги намалиме трошоците и подобриме услугите. Трето - насочуваме повеќе пари кај граѓаните за повеќе можности за сите. Ја активиравме спиралата за покачување на платите, носиме директна поддршка за домашните фирми пред се за малите и средни претпријатија кои се потпора за секоја општина. Четврто - градиме отворена и услужна општина за сите. Граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги на едно место и ќе ги вклучиме во креирањето на буџетот кој ќе се користи домаќински.

Ова го порача лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва на митингот во Битола на кој партијата и коалициските политички партии ги претставија сите кандидати за градоначалници кои ќе учествуваат на претстојните локални избори во Република Македонија. 

-Од Широк Сокак ечи гласот на слободна Македонија. Во декември заедно ја насочивме Македонија да зачекори на вистинскиот пат. Вечерва во Битола станува јасно, на 15ти октомври ги заокружува промените што носат живот во Македонија за сите. Македонија се менува благодарение на вашата силна желба. Верувавте дека може поинаку, верувавте на подадената рака. Борбата за живот ја продолжуваме вечерва. Денес сум пред вас повторно, исправен, ја барам вашата поддршка за да живееме достоинствено во земјата каде што сме родени, рече Заев.

Тој додаде дека очекува победа во Битола со повеќе од 5.000 гласа разлика.

Новата Влада предводена од СДСМ, како што посочи, е одговорна и домаќинска власт која е свртена кон потребите на граѓаните, достапна, отворена и отчетна.

- Покажавме дека водиме нова политика, политика од збор, рече Заев на вечерашниот митинг во Ресен на промотивниот митинг на кандидатот за градоначалник и идни советници на оваа општина.

 

 

 

25.09.2017 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега