Темни облаци над Македонија - до кога ќе врне?

 

Времето во Македонија променливо облачно со слаб повремен дожд во западните и особено во источните делови од земјата. Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура од 16 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 12 до 22 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд.

Од среда кон четврток врнежите ќе се почести на југот и најинтензивни на југоистокот од земјата.

Од четврток температурите ќе се повторно пониски за неколку степени.

За време на викендот се очекува претежно стабилно и малку потопло време. 

 

 

 

26.09.2017 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега