Коневски најави нови проекти за Мичурин: Нови фасади, пешачки патеки, реконструкција на улици

На вториот ден од кампањата, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Ивица Коневски, во Мичурин ги најави проектите во неговата четиригодишна програма за најстарата населба во општина Аеродром.

-Еден од покрупните проекти е продолжување на проектот за промена на дотраените и оштетени фасади, кој го почнавме минатата година и која планираме да го продолжиме сè додека не се променат фасадите на сите оштетени згради во Мичурин. Како и досега и во претстојниот период ќе останеме фокусирани на подобрување на условите за образование, така што ќе ги реконструираме санитариите во ОУ „Блаже Коневски“, фудбалското и кошаркарското игралиште во ова училиште, а пред влезот ќе поставиме хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на децата. Исто така, хортикултурно ќе го уредиме паркот во кој се наоѓаме сега со автоматски систем за полевање и летниковци, а ќе насадиме и трева, ќе го оградиме кошаркарското игралиште и ќе поставиме клупи и корпи за отпадоци, истакна Коневски.

 

Во однос на инфраструктурата, најави тој, предвидени се нови пешачки патеки од бекатон плочки, реконструкција на сите оштетени улици, изградба на нови паркиралишта и тротоари, како и поставување на нови линии за јавно осветлување.

 

 

 

26.09.2017 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега