Јанчев: На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае да ги води граѓаните во нова ера

На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае да ги води граѓаните во нова ера. На Кавадарци му требаме заедно сплотени во едно, посочи Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите сме заедно без разлика на возраста, верата и политичката припадност. Иднината на убаво Кавадарци е во наши раце. Моите очекувања за Кавадарци се огромни, но во сето тоа ќе успеам доколку ја имам вашата поддршка и вашата доверба, посочи тој.

 

Кандидатот за градоначалник ги повика сограѓаните на 27-ми септември во 20:30 часот да излезат на голем сенароден митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да создадеме обострана доверба уште на самиот почеток од новата изборна кампања. Да се запознаете со мојата програма која нуди решавање на клучни проблеми, изградби и реконструкции. Да зачекориме со голема енергија во една нова ера. За убаво кавадарци, Кавадарци на прво место, истакна Јанчев.

 

 

 

 

26.09.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега