Пејков: Неготино заслужува градоначалник кој домаќински ќе се грижи за сите граѓани

Кандидатот за градоначалник на општина Неготино од ВМРО-ДПМНЕ Златко Пејков денеска побара од сите кандидати за градоначалници и советници фер и демократска кампања.

-„НЕ“ за говор на омраза и „НЕ“ за напади и меѓусебни обвинувања. За мене како кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, водечка мисла ми е „општината пред се, граѓаните пред се, работата пред се, резултатите пред се, Неготино пред се“. Сакам да придонесам заедно со мојот тим да го направиме Неготино уште подостоинствено место за живеење со сите обележја на една модерна и урбана средина, каде што секој има простор да твори и да придонесува, истакна Пејков.

 

Вели дека Неготино заслужува градоначалник кој домаќински ќе се грижи за сите граѓани.

-Јас живеам во Неготино, сум се школувал во Неготино, во Неготино го оформив своето семејство. Во Неготино започнав и ја градам својата професионална кариера. Неготино е мојот дом, Неготино е нашиот заеднички дом. Неготино заслужува градоначалник кој домаќински се грижи за сите граѓани на Неготино. Изборот е ваш, а јас сум повеќе од сигурен, дека вие, мои почитувани сограѓани ќе го направите вистинскиот избор. Впрочем, како и секогаш досега, на 15 октомври ќе го заокружите бројот 13 – за програма и проекти за подобро Неготино, посочи Пејков.

Тој ги повика неготинчани утре во 18 часот, на градскиот плоштад во градот да присуствуваат на голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ, каде што тие ќе имаат можност да чујат повеќе за проектите кои тој, но и партијата ги нудат.

-Програма и проекти за ново утро, за нова победа. Победа за Македонија, победа за општина Неготино. Новата ера започнува, да живее општина Неготино, да живее Република Македонија, рече Пејков.

 

 

 

 

26.09.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега