Тепачка во Тетово - маж падна во безсознание
Одделението за криминалистичка полиција Тетово поднесе кривична пријава против В.Ј. (56), М.Ј. (54) и М.Ј. (26), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Околу 10 часот и 30 минути во куќа на улицата „Железничка“ во Тетово, во која живеат пријавените, а 77-годишниот М.Ј. од Тетово поседува дел од истата, после вербална расправија со М.Ј., физички го нападнале.
Притоа, со тврд предмет бил удрен М.Ј. во задниот дел од телото и паднал во безсознание.
26.09.2017 - 14:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа