ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветува гасификација во Крива Паланка по теркот на Струмица и Куманово, што значи дека гасификација никогаш нема да се случи

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека единствено по што е познат Социјалдемократскиот сојуз во Крива Паланка се празните ветувања со кои што ги манипулираше и лажеше граѓаните во минатото, а никогаш не сe исполнија.

 

-Ветуваат гасификација во Крива Паланка по теркот во Струмица и Куманово, што значи дека гасификација никогаш нема да се случи. Наместо прописен гасовод тие доведоа овие градови донесоа гас со цистерни, а граѓаните им го понудија по пет пати повисока цена со што дури струјата ја направија поисплатлив енергенс од гасот и нема никаков интерес на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението пишува дека единствен што имаше некаков бенефит од тоа беше Митко Андреевски, човек близок пријател на Зоран Заев, кој преку својата човек фирма, регистрирана на семејна адреса, направи милионски профит од тендерите за набавка на гас за Општина Струмица.

-Оттука СДС ниту планира да воведе гас во Крива Паланка, ниту пак планира на граѓаните да им го поедностави и поевтини затоплувањето во домаќинствата и компаниите, нивната единствена цел е со лажни ветувања и манипулации да добијат некој глас повеќе во општините, пишува во соопштението на партијата.

Од најбројната партија во Собранието порачуваат дека СДС е прочитана книга, поради нивниот нечесен и манипулациски однос кој го имаат кон граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври, убедливо ќе бидат поразени.

 

 

 

26.09.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега