Лозановска: СДСМ продолжува со ниските лични дисквалификации и лаги

Лицемерието на СДС уште еднаш се покажува на дело. На вториот ден од кампањата, по потпишувањето на Кодексот за фер избори, наместо да се натпреваруваат со идеи, почнаа со ниски лични дисквалификации и лаги, се вели во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Оттаму велат дека очигледно стравот кај СДС од поразот на 15 октомври е толку голем, што наместо да зборуваат за себе и за тоа што ќе направат за Битола се занимаваат со нас.

-Ништо друго и не може да се очекува од партија која на ист таков начин, со лаги, по изгубени избори на сила дојде на власт. Граѓаните на 15 октомври ќе им дадат јасна порака дека ќе гласаат за проекти , дела и резултати , а не за озбрувања, некомпетентност и недоследност, истакнува Лозановска на прес-конференцијата.

 

 

 

26.09.2017 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега