Груевски од Виница: На 15 октомври да го запреме СДСМ во планот за редефинирање на државата

Локални избори кои овој пат се многу повеќе од локални. Минатата година имавме во декември парламентарни избори на кои мнозинството граѓани во Македонија ја даде победата и довербата на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал под разни околности кои ви се добро познати, СДСМ беше донесена на власт и го започна својот план за редефинирање на државата, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој се одржува во Виница.

 

-Сега е моментот да се запре тоа, сега е моментот на 15 октомври да се излезе, да се поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за градоначалници и советници, но истовремено да се испрати силна порака од народот дека секој кој оди спротивно на волјата на народот нема да стигне далеку и дека народот е господар во оваа држава, а не некој друг, истакна Груевски.

 

 

 

26.09.2017 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега