Груевски: Странски инвеститор нема стапнато во земјава откако СДСМ дојде на власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој партијата го одржува во Виница истакна дека ништо од она што СДСМ сериозно го ветиле, не го исполнуваат.

-Ветија дека домашната економија ќе процвета, а видовме само една ситуација каде што беше прикажам автобус кој се произвел во нова домашна компанија, за после да се види дека таква скоро и да не постои. Дека станува збор за една обична измама. Странски инвеститор нема стапнато во земјата откако стапна во владата оваа нова власт. Зборувам за нови инвеститори, не за оние кои ние ги донесовме и изградија капацитети и вработија луѓе. Не зборувам за оние кои веќе се тука. Она што допрва треба да бидеме загрижени е што со сегашните инвеститори. Затоа што тие се повеќе се загрижени со причина, бидејќи нив ги гледаат како натрапници па смислуваат начини како да ги омаловажат, а со тоа и да ги избркаат, рече Груевски од Виница.

 

 

 

26.09.2017 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега