Дисперзирани студии само за студентите на Тетовскиот унверзитет - за оние на УКИМ остануваат укинати
По барањето на студентите, Советот на ректоратот на Државниот тетовски универзитет, врз основа на конкурсот за упис, одлучи научно – образовниот процес да продолжи да се одвива и на дисперзираните студии во Кичево и Скопје, во студиските насоки за кои е формирана група, односно за кои исполнета потребната бројка од 20 студенти. Ректоратот на Тетовски верува дека министерството за образование ќе ја почитува нивната одлука и и ќе им даде финансиска поддршка, да продолжи наставниот процес во градовите каде што постојат услови да има дисперзирани студии.
26.09.2017 - 20:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа