Коневски меѓу граѓаните на Мичурин: Нови фасади, паркови и спортски игралишта

Денеска, на вториот ден од кампањата, остваривме средба со жителите на населбата Мичурин. Жителите oд oвaa нaселбa нѐ пoчестијa сo свoетo присуствo и пoкрaј дoждливoтo време. Вo пријaтен рaзгoвoр сo нив прoдискутирaвме зa некoи oд проектите предвидени во нашата програма за наредните четири години, напиша на својот ФБ профил кандидатот за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

-Еден од покрупните проекти, кој наиде на големо одобрување и поддршка од жителите на Мичурин, е проектот за промена на дотраените и оштетени фасади. Овој проект, кој почна минатата година, ќе го продолжиме и во наредниот период, со што ќе ги обновиме сите оштетени фасади, како во оваа населба, така и на целата територија на Аеродром. Во нашата програма се планира реконструкција на санитариите во ОУ „Блаже Конески“, како и обнова на фудбалското и кошаркарското игралиште, кои се во рамки на ова училиште. За поголема безбедност на учениците, пред влезот ќе поставиме хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, напиша Коневски.

Средбата ја одржавме во срцето на Мичурин, во паркчето кое е многу посетено од сите генерации, а кое во претстојниот период ќе го освежиме со хортикултурно уредување, ќе инсталираме автоматски систем за наводнување, а во него ќе изградиме и летниковци.

-Исто така, ќе го оградиме кошаркарското игралиште во рамки на паркот, со што ќе се зголеми безбедноста на дечињата кои спортуваат на овој терен, а наоколу ќе поставиме нови клупи, корпи за отпадоци и детски реквизи во катчето за најмладите. Во однос на инфраструктурата, во Мичурин се предвидени нови пешачки патеки од бекатон плочки, реконструкција на сите оштетени улици, изградба на нови паркиралишта и тротоари, како и поставување нови линии за јавно осветлување, со што Мичурин ќе блесне во нов сјај. Се надевам дека на претстојните локални избори ќе ја добиеме довербата од граѓаните за да може да се реализираат сите предвидени проекти, како што вечерва добивме огромна поддршка од Мичуринци. Им се зaблaгoдaрувaме нa сите жители кoи денескa дoјдoa нa средбaтa, a вo нaредниoт периoд ќе oргaнизирaме уште еднa средбa, кoгa се нaдевaм ќе нѐ пoслужaт временските услoви, порача Коневски.

 

 

 

26.09.2017 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега