Тред ден од кампањата: СДСМ во Скопје - ВМРО-ДПМНЕ во Неготино и Кавадарци

- Митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места ќе одржат денеска партиите, коалициите и независните кандидати кои учествуваат на локалните избори закажани за 15 октомври годинава.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани во Студеничани и Сопиште, а митинзи во Кисела Вода и Аеродром, додека коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Демир Капија, Градско и Росоман и митинзи во Неготино и Кавадарци.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) е на средби со граѓани во Шуто Оризари и Бутел. Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот. 

 

 

 

27.09.2017 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега