Мисалјовски: Нови градинки, реконструкција на училишта, игралишта во секое маало во Ѓорче Петров

Ќе изградиме две нови градинки во општина Ѓорче Петров, а постоечките ќе ги реновираме за да ги зголемиме капацитетите, најави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општината, Владо Мисајловски.
Пред голем број на граѓани, Мисајловски вчера потенцира дека ќе изврши реконструкција на неколку основни училишта и ќе бидат изградени нови спортски сали и ќе се обезбеди  бесплатен интернет за сите ученици.

-За подигнување на спортот на едно големо повисоко ниво, во секое маало во Ѓорче Петров, во Хром, во Мирче Ацев, во Дексион, во Даме Груев, во Ново Село, во Стопански двор, во Кисела јабука, во Волково, во Орман, насекаде. Ќе изградиме детски игралишта, игралишта за баскет. Во сите овие населени места ќе се изградат и паркови за рекреација на сите жители, од најмалите па се до возрасните, истакна Мисајловски.

 

 

 

27.09.2017 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега