Мисајловски: Нема да дозволиме да има неасфалтирани улици во Ѓорче Петров, инфраструктурата ќе биде мој најголем приоритет

Кандидатот за градоначалник за општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на вчерашната промоција на својата програма истакна дека инфраструктурата ќе биде негов најголем приоритет.

-Нема да дозволиме да има неасфалтирани улици во Ѓорче Петров и тоа го ветувам јавно, истакна Мисајловски.

Тој посочи дека во неговата програма планирано е да се асфалтираат преку 100 улици во општината.

 

Тој појасни и колку улици ќе бидат асфалтирани во населените места во општина Ѓорче Петров.

-Асфалтирање 25 улици во Кисела Јабука, и тоа, улица број „2“, улица број „4“, улица број „8“, „14“, „18“, „26“, „28“, „30“, „32“, „34“, „36“, „38“, „40“, „48“, „52“, „54“, „60“, „62“, „64“, „66“, улица „68“, „10“, „44“, „46“ и „40“. Ова се сите улици во Кисела Јабука. Асфалт ќе добие Ново село, улица број „1“, краци на улица „4“, краци на улица број „2“, краци на улица број „5“, сите улици во Ново село, потенцира Мисајловски.

Рече дека ќе се асфалтираат и 7 улици во Стопански Двор, како и сите улици во Волково.

-И тоа, улица број „51“, крак 1, крак 3, крак 7, улица број 52, крак 1, крак 2, крак 4 и крак 7. Сите улици во Стопански Двор. Асфалтирање на сите улици во Волково. Улиците број „3“, број „5“, број „7“, „11“, „13“, „15“, „17“, „19“, „21“, улица број „25“, улица број „27“, улица „29“, „47“, „57“, „60“, „101“, „71“, број „73“, „75“, улица број „100“ – крак 2, улица број „31“, улица број „41“, улица број „81“ – крак 6, улица „81“ – крак 10, „95“, „35“, „20“, улица „22“, улица „70“, улица „24“, „93“, улица „53“, улица „74“, улица „76“, улица „78“. Сите улици ќе ги направиме, истакна Мисајловски.

Посочи дека ќе асфалтираат и повеќе улици во населбата Ѓорче Петров.

-Во населбата Ѓорче Петров ќе се асфалтираат улиците, улица „Стоби, улица „Даутица“, „Ѓуро Савај“, „Јосиф Ковачев“, „Пробиштипска“, „Вера Циривири – Трена“. Во Дексион „Наум Чакарев“, улица, односно десен крак од улицата „Наум Чакарев“, „Црногорска“ – крак Стралиште – улица број 3. Во Хром, „Исаија Маџовски“, „Манџу Мата“, „Рафајло Батино“, „Панко Брашнаров“. Во Даме Груев улица „Лока Геров“ – крак 1 – улица „Шар Планинска“. Во Мирче Ацев, „Алексо Димлиевски“ – „Алексо Димлиевски“ – крак 3, улица „Знеполе“ улица „Мис Тон“, „Ристо Батанџиев“, крак од зградите број 70, крак од улица „Мечкин камен“. Намерно ги прочитав сите, да се потсетиме, јас да се потсетам што сум ветил, освен ако градоначалникот не не претркал и некоја улица ја направил. Но, сите ќе ги направиме, истакна Мисајловски.

 

 
 

 

 

27.09.2017 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега