Заплена на полицијата - штипјанец продавал дрога и фалсификувал евра

Полицијата поднесе две кривични пријави против 35-годишниот Б.К. од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Од страна на судија на претходна постапка на Б.К. му е одередена мерка притвор во траење од 30 дена. На 25 септември годинава, по претходно добиени оперативни сознанија за недозволена трговија со дрога и пуштање во оптек фалсификувани евра, полициски службеници од СВР Штип, врз основа на наредба од Основен суд, извршиле претрес во домот и помошните простории на Б.К., при што пронашле и одзеле 558,2 грама марихуана спакувана во неколку најлонски кеси. Покрај ова, според документираните сознанија, Б.К. на 21 септември, со намера да стекне противправна имотна корист, пуштил во оптек четири фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра со кои од турски државјанин купил мобилен телефон марка „Ајфон 6 С“. 

 

 

 

27.09.2017 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега