Чaдиев: Над 1,6 милиони евра ќе вложиме за развој на индустриските зони

Намалувањето на невработеноста и изградба на нови фабрики во Велес се прв приоритет во следните четири години како градоначалник. Ова денеска го најави Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на Велес од ВМРО ДПМНЕ

– Мојот прв приоритет како градоначалник во наредниот период е изградба на нови фабрики и отворање на нови работни места во Велес. За таа цел во новата Програма предвидуваме инвестиции од преку 100 милиони денари, односно над 1 милион и 600 илјади евра, наменети за инфраструктурно уредување на индустриските зони. Посебен акцент ставаме на индустриските зони Мамутчево, Речани 2, Елегант, УЗУС и УЗУС 2. Тие ќе добијат нови пристапни патишта, водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација и улично осветлување, изјави Славчо Чадиев.

Според него, по примерот со успешната приказна во индустриската зона Караслари во која се еден странски инвеститор отвори фабрика и се вработија преку 500 велешани, во новиот мандат ќе се продолжи со вложувањата во индустриските зони, сѐ со цел да се привлече уште повеќе нови инвеститори во Велес.

 

 

 

27.09.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега