Пет малди лица од Куманово добија кривични за насилство

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 25- годишниот А.Д, 23- годишниот Н.С и 20 - годишниот И.Д, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 12.09.2017 година околу 01 часот и 35 минути на улица „Перо Чичо“ во Куманово, пријавените, заедно со уште две непознати маскирани лица, го нападнале 23- годишниот Б.С од Куманово.

Со метални шипки  го удирале во пределот на рацете, главата и телото, со што  му нанеле тешки телесни повреди.

Исто така Секторот за внатрешни работи во Куманово поднесе кривична пријава против 19- годишниот Е.З од село Лојане, општина Липково и против 19- годишниот Ш.Р од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавените, на 07.09.2017 година околу 12 часот 50 минути, во дворот на општинското основно училиште „Наим Фрашери“ во Куманово, по вербална расправија, физички ја нападнале 18- годишната А.А од Куманово, при што и нанеле видливи повреди во пределот на главата и ногата.

 

 

 

 

27.09.2017 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега