Стојанов до Јанев: Ветувате проекти за кои постапката е завршена и почнуваат со работа

Очигледно дека сте во голема заблуда или вашите ментори погрешно ви пренесуваат. Вие добро знаете што во досегашниот период има изградено општина Василево, па сакате да манипулирате со граѓаните, истакна кандидатот за градоначалник на општина Василево Ванчо Стојанов на денешната прес-конференција реагирајќи на изјава на неговиот противкандидат.

-Каква канализација ветувате кога постапката за изградба на канализација во селата Дрениково и Седларци е веќе завршена и за неколку дена треба да се отпочне со градежни активности. Да не случајно ги дуплирате проектите. Зарем имате дома асфалтна база да ги асфалтирате сите улици или да спомнете барем една улица која а асфалтирана во ваше време. Дали заборавивте дека улицата по која и вие се движите до дома ја асфалтиравме ние, вели Стојанов.

 

Граѓаните на Општина Василево добро знаат и паметат што вие направивте, вели Стојанов.

-Се чудиме со каква трафостаница ќе го снабдувате населеното место Висока маала со вода. Иако потпишавте кодекс за фер и коректна кампања, се уште продолжувате да се служите со подмолни работи. Излезете и кажете кога градоначалникот лажел и крадел, наспроти тоа ние имаме и документи што вие правите и ќе ви повторам, ајде да излеземе јавно да се соочиме и да им кажеме на граѓаните што нудиме па нека пресудат тие самите, затоа што таа општина е на граѓаните, додава Стојанов.

 

 

 

 

27.09.2017 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега