Пенков: Со реализација на многу проекти ќе ја остварам мојата визија за поуспешно Неготино

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, пред граѓаните се обрати актуелниот и кандидат за иден градоначалник на оваа општина, Златко Пенков. Тој кажа дека има визија, заедно со граѓаните за иднината на Неготино.

-Секогаш имам само една мисла која ме води, граѓаните се пред се, Општина Неготино пред, Република Македонија пред се. Секогаш пред мене стојат две работи, тоа се работни задачи и резултати исполнувајќи ги тие работни задачи во интерес на граѓаните на Општина Неготино, изјави Пенков.

 

Тој побара да продолжи да им помага на сите граѓани на Неготино, за општината да стане поубаво место за живеење на сите, тој побара граѓаните да му ја дадат довербата за да продолжи со својата работа како градоначалник.

-Мојата визија за поуспешно Неготино, ќе ја реализирам преку остварување на повеќе проекти, нема да ги набројувам сите, само неколку за сите нас. Дозавршување на проектите за комплетно решавање  и подобрување на водоснабдувањето во Општина Неготино, асфалтирање на улици во градот и населени места во општината, решавање на проблемот со паркинг местата во Неготино, изградба на кружни текови на влезот, излезот и центарот на Неготино, со што ќе покажеме грижа за сообраќајот во градот, изјави Пенков.

Тој спомена уште многу проекти, како што е реконструкција на градскиот пазар во Неготино, изградба на градинка, подобрување на енергетската ефикасност во гимназијата, набавка на дополнително возило за ЈП Комуналец.

-За сите спортисти, за сите спортисти, ќе има реконструкција на стадионот и спортскиот центар. Ќе продолжи грижата за сите земјоделци, Неготино е град на сите земјоделци. Овие проекти се остварливи, Општина Неготино поседува човечки ресурси, добра инфраструктура. Со домаќинско работење ветуваме дека ќе ги реализираме сите проекти за подобро Неготино, ќе сториме се со мојот тим да се реализираат овие проекти, изјави Пенков.

Тој напомена дека ова не се обични локални избори, тој порача дека сега е моментот народот да каже доста е и државата да се врати на вистинскиот колосек.

-15-ти октомври е денот кога ставаме пресек и еднаш засекогаш на оние кои и мислат лошо на Република Македонија им ставаме точка. Повеќе од сигурен сум дека сите вие знаете да го направите вистинскиот избор, а тоа коалицијата за подобра Македонија, кандиатот за градоначалник и советничката листа со број 13, изјави Пенков.

 

 

 

27.09.2017 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега