Манчев: Неготино во иднина ќе стане град каде што ќе се отвораат нови работни места

Пред нас е ново утро, доаѓа нова ера, време е за нови успеси за Македонија се работи, време е да им го испорачаме одговорот за сите штетни политики и за уривањето на институциите како и за сите блокирани проекти, ова на денешниот митинг од Неготино го истакна Петре Манчев носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

-На 15 октомври да им го испорачаме одговорот на сите кадровски грешки што ги направија, за непромислената политика која ја водат во економијата, земјоделието и надворешната политика. Ова е земјоделски крај и луѓето се занимаваат со земјоделие, СДСМ им вети субвенции на сите граѓани, а тие истите ги понижија сите. Ние започнуваме кампања која ќе ја водиме со висока  демократска свест, вели Петре Манчев.

 

Тој потенцираше дека неговата заложба е сите граѓани на Неготино да ја најдат просперитетната иднина во овој град со отворање на нови работни места, нови градинки, спортски сали, депониран смет како и висока еколошка свест кај сите граѓани.

-Во нашата програма се заложуваме комуналното претпријатие да добие нови возила, нови контејнери, во сите населени места ќе се асфалтираат улиците, ќе се направат паркови и многу зелени средини. Неготино во иднина ќе биде град на среќни семејства и град на чиста еколошка средина, рече Манчев.

 

 

 

27.09.2017 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега