Георгиевски: Обезбедуваме услови за здрав живот на сите

Се обврзуваме постојано и навремено да ги чистиме депониите, каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречестителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти и обезбедуваме услови за здрав живот за сите, изјави денеска Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од СДСМ и коалицијата.

- Степенот на хигиена е првиот показател за квалитетот на живот во една општина. Општината Гази Баба се наоѓа на специфична надморска висина. Во котлинскиот дел таа буквално лежи на вода со неочистени канали, а населените места немааат ниту пречестителна станица, ниту метар фекална канализација. Со еден збор ниту се исчистени каналите, ниту има фекална канализација во 70 посто населени места, изјави Георгиевски.

Планинските села, продолжи тој, немааат вода за пиење, а и тие што ја имааат ја испуштаат заедно со фекалиите во речните корита

- Со ова се подврдува фактот дека општина Гази Баба во 21 век има сериозни проблеми на животната средина, карактеристични за земјите од третиот свет. Се наоѓаме на улицата Антон Попов во гратското подрачје на општината. Општината се гуши во отпад, нема вода за пиење, а воздухот е со нарушен квалитет, изјави Георгиевски. Нагласи дека граѓаните се јасни и сериозни во своите барања и дека одговорно го слушаат и разбираат крикот за чиста животна средина. 

 

 

 

27.09.2017 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега