Груевски: Новата Влада за да собере политички поени надвор, ветила населување на мигрантите и нивно вработување во Македонија

Ние немаме ништо против мигрантите и нив ги снашло мака и навистина многу им помагавме кога поминуваа низ Македонија со цела хуманитарна помош, здравствени прегледи, транспорт и тие тоа го бараа од нас и не сакаа да останат тука, но сега нашата нова власт за да добијат некој поен надвор, ветиле дека ќе земат мигранти тука кај нас и сосила ќе ги населат, потенцираше Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Неготино.

-Јас се сеќавам уште кога ние бевме во Владата од нас се бараше да се примат околу 150 илјади мигранти и да се населат во Македонија и да им се даде државјанства и да им се најде работа и да се помогне да го научат јазикот, кога ние би биле земја со 2 или 3 проценти невработеност, па човек и да размисли нешто, меѓутоа земја со 22 проценти на невработеност, со толку сиромашни луѓе да прифаќаме такво нешто е нелогично, но овие за да дојдат на власт тоа го прифатија и започнаа да ја прават стратегијата бидејќи таа им беше побарана од надвор. Стратегијата излезе во јавност и почнаа да го негираа тоа, но сепак тие планираат да ги населуваат дел по дел во општините и токму затоа не случајно народот го почувствува тоа и народот започна една акција за распишување на референдум за населување на мигранти, а Владата на денот на избори забрани да има референдум за мигрантите преку својата инспекција за локална самоуправа, вели Груевски.

 

Тој потенцираше дека бидејќи тие го забранија референдумот истите ќе го добијат референдумот од народот и гласање за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

 

 

 

27.09.2017 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега