Груевски: Во Неготино во следните четири години се предвидуваат многу реални проекти на градоначалникот Златко Пенков

Во новата програма идниот градоначалник Златко Пенков предвидува многу реални проекти, предвидуваме големи проект во патната инфраструктура, ќе се градат и реконстуираат улици, тротоари, ќе се изградат минимум три кружни тека во вкупна вредност од 63 милиони денари, ќе се изврши асфалтирање на сите неасфалтирани улици во Неготино и на секој жител ќе му се овозможи пристап до асфалтиран пат, ова вечерва на митингот во Неготино го истакна Никола Груевски.

-Програмата на идниот градоначалник е правена прецизно и кога ВМРО-ДПМНЕ прави прецизно не смее да има промашување. Ќе се тампонираат многу патишта, а ветуваме и изградба на нова филтер станица за прочистување на вода, ќе се изгради нова фекална канализација и за комуналното претпријатие ќе се набават нови возила и ќе се купат нови контејнери, а ќе се исчистат и сите канали во општината за граѓаните да имаат почиста средина, вели Груевски.

 

Тој додаде и дека ќе се општината и понатаму ќе дава по 7 илјади денари за секое ново родено дете и ќе се реновира училиштето Св Кирил и Методи и ќе се реновираат градинките во Неготино и во населеното место Темјаник и ќе се отворат нови игротеки во населените места како и дека ќе се реконструира спосртската сала Младост.

 

 

 

27.09.2017 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега