Атанасов: На главните булевари се променети сите водоводни мрежи

Од кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, само ЈП „Водовод и канализација“ има инвестирано над 15 милиони евра во фекални, атмосферски и водоводни линии, односно во над 95 километри, истакна на денешната трибина на Комисија за градежништво, урбанизам и транспорт, Александар Атанасов.

-На добар пат сме со обновување на сите преоптеретени и стари водоводни и канализациони мрежи во Градот Скопје. За да има здрави булевари и автобусите редовно да доаѓаат, треба да нема дефекти, да не се копаат улиците заедно со Трајановски во изминатиот период на сите изградени булевари ги променивме сите водоводни и поставивме атмосферски линии. На главните булевари, сите главни мрежи се променети, вели Атанасов.

 

Тој вели дека за идните четири години претпријатието има планирано голем број на проекти.

– Планираме да инвестираме секоја година по минимум од 25-30 километри сопствени средства за линии, посочува Атанасов.

 

 

 

 

28.09.2017 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега