ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши притисок врз ДИК за да не се одржат референдуми за мигрантите

Со сите средства власта и СДС вршат притисок врз ДИК да ги оневозможи одржувањата на локалните референдуми за мигрантите, обвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-ДИК мора според закон да им овозможи на граѓаните да го искажат своето мислење. СДС повторно мисли дека некои прашања не заслужуваат одговор. СДС е исплашен од слабите резултати и поразот што го очекува на претстојните избори и во ДИК го користи мнозинството и го забрани изјаснувањето на граѓаните. ДИК не смее да потпадне под притисоците на СДС! Македонија нема доволно средства за да овозможи населување на околу 150.000 мигранти кои новата власт сака да ги насели во повеќе општини, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Стојаноски вели дека граѓаните со право стравуваат за својата иднина.

-Во рамките на неколку општини веќе се бараат локации дека за изградба на нови згради со што на локалното наслеление ќе им се одземе шансата за вработување. Ова претставува и опасност и ризик за следните генерации чија иднина ќе биде неизвесна. Поради сето ова на наредните избори на 15-ти октомври народот ќе ја казни оваа погубна политика на СДС, заклучи Стојаноски.

 

 

 

29.09.2017 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега