Коневски: Две нови градинки со капацитет до 500 дечиња

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски денеска најави дека во неговата програма предвидена е изградба на две нови детски градинки во кои ќе можат да се згрижат над 500 дечиња.

-Станува збор за градинките „Изворче“, која се наоѓа зад нас и „Црвенкапа“, во чии рамки ќе бидат изградени двете нови градинки. Доколку ја добиеме довербата од граѓаните на претстојните локални избори, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и уште 20-тина други проекти, меѓу кои верувам на задоволство на нејзините жители, изградба на зелен парк меѓу новите згради и довршување на новата комунална инфраструктура, истакна Коневски.

 

Потенцира дека во соработка со Град Скопје ќе ја пробијат улицата „Васко Карангелевски“ од булеварот „Трета македонска бригада“ до поликлиниката Јане Сандански.

 

 

 

 

29.09.2017 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега