Станковски: Во новата програма на Министерството за култура не гледам ништо што би ја збогатило културата

Оваа стратегија за културниот развој на Министерството за култура во Република Македонија од идната година до 2023 година е направена на 110 страни и тоа е обемно дело кое мене ми личи на идеолошки памфлет зошто освен добра волја и добри волји јас не гледам дека ниту еден проект, ниту пак некаков тип на визија за тоа како воопшто би се креирала оваа култура, истакна Ацо Станковски на денешната дебата Отворено со Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се што се случува во западната хемисфера како да се случува на микро план во Македонија и нормално работите стануваат карикатурални затоа што се дедимензионирани и сведени на некој минимум и би рекол на ситна игра на мешетарии кои немаат капацитети да создадат големи културни проекти, туку одат да создадат деконструкција или компарација и тоа што ВМРО-ДПМНЕ го правело претходно и како они ја замислуваат културата која треба да се имплементира во Македонија, вели Станковски.

 

Тој потенцираше дека во новата програма на Министерството за култура тој не гледа ништо што би ја збогатило културата.

 
 

 

 

29.09.2017 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега