Аџиевски: Пред проектот „Скопје 2014“, некои го споредуваа овој град со Врање или Лесковац

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со трибините, кои се еден од начините со кои партијата преку комисиите, води комуникација со граѓаните. Денеска дисусија имаше Комисијата за култура при ВМРО-ДПМНЕ. Модератор на трибината беше Филип Петровски.

Томе Аџиевски кажа дека во комисиите во Министерството за култура се работело многу демократски, никогаш не се гледала партиската припадност на оние на кои требало да им се доделат средства за некој проект.

 

-Луѓето кои што биле предложени од ВМРО никогаш не гледале партиска припадност кога станува збор за уметници. Многу проекти беа реализирани за овој минат период, морам да го посочам проектот откуп на уметнички дела. Тоа е еден фантастичен проект, кои од не знам кои причини некои луге од тогашната опозиција го критикуваа, изјави Аџиевски.

Аџиевски го спомена и проектот Скопје 2014, за кој како што кажа направил вистинска револуција во контекст на сите културни збивања претходно и она што се случувало додека тоа се реализарало.

-Некаде после после 70-тите години па се до почетокот на овој голем проект, Скопје наликуваше на една Паланка, се споредуваше дури и со едни Врање, Лесковац, тоа беше една катастрофална состојба во која се најде Скопје. Запустен, заборавен град, во кој ништо ново не се вложуваше. Скоје 2014 беше една вистинска револуција, во една естетска, но и во една градежна смисла, изјави Аџиевски.

Тој кажа дека се работи за еден национален проект, сите се изработени од наши автори.

 

 

 

29.09.2017 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа