Заедничка вежба на МВР и Амбасадата на САД за справување во вонредна ситуациј
Припадници на Министерството за внатрешни работи утре претпладне во Американската амбасада ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.
– Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затворање на крстосниците во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот, соопшти МВР.
Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Американската амбасада при преземање активности за справување со кризни ситуации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа