Нека не ве лаже сонцето - нема спас од дождот
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, преку денот со почести сончеви периоди долж Повардарието, а утрото свежо.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната температура од 15 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, во средината на денот со почести сончеви периоди, а наутро ќе е посвежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.
Од недела следува период на посончево и малку потопло време преку денот, но со ниски утрински температура.
Преодно наоблачување со услови за повремен дожд на северот се очекува од средината на следната работна седмица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа