Србов: Подземјето поттикнато од политиката на Заев започнува се побрутално да се пресметува со луѓето од спротивниот табор

Веќе трет ден во болница се наоѓа независниот кандидат за градоначалник на Кичево, Алит Абази кој беше застрелан на 27-ми септември. Во нападот беа застрелани уште две лица помеѓу кои и неговиот шеф на изборниот штаб. Подземјето поттикнато од политиката на Заев започнува се побрутално да се пресметува со луѓето од спротивниот табор. Тоа е атмосферата во која се одвива оваа изборна кампања. Истата е извалкана со крв и инциденти уште во првата недела. Престрелки и повредени се бројат после само неколку дена кампања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Злоупотребата на институциите која се случува во моментов е идентична со најмрачните периоди на комунизмот кога политичките неситомисленици ги голтал мрак по налог на партијата. Република Македонија памети порегуларни и подемократски избори дури и во 90-те години. Наводните борци за демократија се справуваат со политичките противници на сталинистички начин. На 23-ти септември беше извршен вооружен претрес на кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев. Алфи му вперија пиштол во глава на среде улица пред политички митинг и што е најважно без причина. Одговорност никаква. На 25-ти септември беше демолиран штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода. Виновникот не е најден! Одговорност нема! На 27-ми септември беше демолиран штабот на Демократската партија на Србите на Стоилковиќ. Виновникот не е најден! Одговорност повторно нема! За сите овие инциденти, институциите молчат, истакнува Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тој потенцира дека злоупотребата на институциите оди дотаму, што во рок од еден месец се поднесоа кривични пријави за 7 градоначалници и кандидати за градоначалници.

-Ваква политичка хајка од толкави размери не била забележана ниту во најмрачните режими од минатиот век.  Само во овие 10-тина дена на удар се сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Се злоупотребуваат институциите за да пишуваат политички монтирани пријави и пресуди. На удар беа: Маријан Ристески градоначалникот на Прилеп. Славчо Чадиев градоначалник на Велес, Ванчо Апостолов градоначалникот на Неготино, Илчо Захариев градоначалникот на Штип, Арсенчо Алексовски градоначалник на Крива Паланка и Блажо Велков градоначалникот на Ново Село. Ова не е фер и демократска изборна атмосфера. Ова е класична злоупотреба на власта која мора да биде сопрена и за која мора да има одговорност. Демонстрацијата на сила, беззаконието, самоволието и владеењето на подземјето, ВМРО-ДПМНЕ ќе го прекине после 15-ти октомври кога ќе се случи падот на оваа нелегална и недемократска власт, порача Србов.

 

 

 

30.09.2017 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега