Бугарки им ги украле картичките и извадиле пари - паднаа во рацете на македонската полиција
Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишната В.Р.С. и 27-годишната П.Г.Г од Пловдив, Република Бугарија.
Полицијата информира дека двете девојки прво на 16 август оваа година, во Трговскиот ,,Ваикики” во Охрид одзеле паричници од две лица во кои имало пари и лични документи. Притоа, искористувајќи ги документите на Р.Г. од Охрид, пријавените од банкарската сметка во Тутунска банка Охрид повлекле 24.000 денари.
Следниот ден, на идентичен начин извршиле тешка кражба во бутик ,,Look” лоциран на улицата ,,Св.Климент Охридски” кога одзеле паричник од Л.С. жителка на Охрид.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 46.600 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа