Студени и тмурни утра но попладне очекувајте пријатно изненадување

 

 Сончево време со умерена облачност ќе преовладува денеска во Македонија. На повеќе места ќе биде повремено значително облачно и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.  

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти со седум, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Услови за слаб локален дожд ќе има во среда, кога ќе дува и умерен северен ветер. 

 

 

 

02.10.2017 - 07:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега