Драстично намалено нивото на Охридското езеро

 

Охридското езеро наближува до нултата кота. Нивото е драстично намалено.

Според последните мерења на УХМР езерото денес е на 693,20 см, односно спуштено на три сантиметри до нултата кота.  Варијациите на нивото предизвикуваат еколошки штети врз флората и фауната.

-Тие организми што се наоѓаат во литоралниот дел угинуваат. Доаѓа до намалување на количеството на кислород, голем дел од параметрите на езерото се менуваат и затоа е потребно езерото односно нивото да не се намалува од човечки фактор туку да се одржува константна кота, вели Гоко Зороски еколог.

Од ЕЛЕМ велат дека будно ја следат состојбата со Охридското езеро.

–Се трудиме да го одржиме нивото на езерото во границите на она што ни е дозволено. Охридското езеро секогаш го држиме на оптимални коти, ниту на минимилни ниту на маскимални. Во моментов хидроелектраните Глобочица работат минимално во однос на другите хидроенергетски капацитети, изјави Драган Миновски директор на „ЕЛЕМ“.

Според официјалните податоци, езерото денес е само на десет сантиметри до минимална дозволена кота.

 

 

 

03.10.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега