Голем пожар беснее во близина на Кичево

 

Голем шумски пожар беснее во кичевско, под врвот на планината Добра Вода. Теренот е непристапен, а огнената стихија се шири со голема брзина.

Портпаролот на Општина Кичево, Емин Насуфи, информираше дека во тој регион гори сува трева и оти припадниците на противпожарната единица од Кичево заедно со претставници од јавното шумско претпријатие „Лопушник“ се обидуваат да го изгаснат огнот во тој регион.

 

Теренот е непристапен и ќе останат таму се додека е потребно, а во зависност од ситуацијата не е исклучено да се побара и интервенција на противпожарни авиони.

 

 

 

03.10.2017 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега