Министерот за надворешни работи на Луксембург во посета на Македонија

 

 

 

Министерот за надворешни работина Големото Војводство на Луксембур Жан Аселборн денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

За време на посетата тој ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров на која се очекува да бидат разменети мислења за досегашното ниво на меѓусебните односи и можностите за нивно натамошно развивање во сферите од заемен интерес. Посебен акцент ќе биде ставен за македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО, како и за улогата и поддршката на Луксембург во остварувањето на оваа стратешка цел.

Во рамките на посетата, министерот Аселборн ќе оствари средби и со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ивицепремиерот  задолжен за европски прашања Бујар Османи, а ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од претседателот на Владата Зоран Зоран Заев.

 

 

 

04.10.2017 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега