Тепачка во Охрид - едно лице пренесено во болница
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишниот Ѓ.Б. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“. Во тепачка помеѓу пријавениот и 30-годишниот М.Д., којашто следела по вербална расправија.
Од здобиените удари М.Д. се здобил со тешка телесна повреда, и поради сериозноста на повредите е пренесен во болница Свети Еразмо.
04.10.2017 - 12:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа