Коѕијас ќе даде поддршка за Македонија и нејзиното членство во НАТО и ЕУ

Ситуацијата на Балканот, иднината на Европската унија, зајакнување на безбедносната соработка, енергетски прашања беа дел од темите, на кои се осврнаа денеска учесниците на квадрилатералната средба во Солун, организирана од Грција, со учество на Македонија, Албанија и Бугарија.

Состанокот, според шефот на македонската дипломатија, минал во духот на разбирање на различните ставови на државите за одредени прашања и обид да се стави акцент на она што ги поврзува, а не на она што ги разделува.Министрите се договориле оваа иницијатива да стане редовна, да се среќаваат во овој формат во контекст на потребите и можностите, но не поретко од еднаш годишно.

На маргините на квадрилатералата Димитров оствари блатерални средби со шефовите на дипломатиите на Грција, Албанија и Бугарија, Никос Коѕијас, Дитмир Бушати и Екатерина Захариева.Фокусот на средбата со Коѕијас беше, како што рече тој на прашањата, кои не поврзуваат.

– Целта беше да се најдеме и да се обидеме на заедничките точки да градиме позитивна агенда, главно фокусирана на соработка на претставници на НВО, на униврзитетите и други академски работници, бизис форум, нагласи Димитров.

Коѕијас даде поддршка за Македонија и нејзиното членство во НАТО и ЕУ, и, како што рече, нов пристап и фокус на позитивните работи при решавање на спорот.

Димитров имаше куса средба со градоналникот на Солун, Јанис Бутарис со кого се договорил по локалните избори во Македонија да формираат работна група која ќе изработи листа на активности и проекти од заеднички интерес.

Коѕијас претходно на завршната прес-конференција од средбата, на која говореше само тој, изрази надеж дека во еден момент ќе можеме да дојдеме во ситуација да имаме содржајни разговори за името и додаде дека никогаш не кажал дека тоа е поврзано со јазикот и или други прашања.

Во контекст на денешниот состанок на министрите од Грција, Македонија, Бугарија и Албанија, Коѕијас истакна дека Атина ќе даде поддршка за повеќето земји за членство во ЕУ, како и поддршка за создвање мрежа за соработка.

Тој признава дека Грција се однесувала арогантно кон земјите во регионот во 90-те години, но извлекла поука и се свртела кон градење доверба. Оцени дека односите меѓу земјите во регионот сега се многу подобри отколку што се перцепира во јавноста.

– Иднината на четирите земји е во Европа, при што нашата регионална соработка ќе ја поврземе со европската соработка. Имаме волја да се решат проблемите од минатото, историјата не треба да претставува затвор, туку училиште од кое ќе си ја научиме лекцијата порача Коѕијас, рече тој.

Демантираат дека од ноември, како што кажа Коѕијас за грчките медиуми, ќе се случи договорена ревизија на историјата.. За нив тоа се само разговори помеѓу историчарите.

 

 

 

05.10.2017 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега