Тешка сообраќајка во Македонија - прегазен старец итно префрлен во болница

Едно лице е тешко повредено при сообраќајка која се случила вчера околу 12 часот во Велес на улица „Благој Ѓорев“ во која товарно возило „Фургон Фиат Добло-Карго“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Р. Д. од Велес, удрило во пешакот 63-годишниот Ј. Ј. од Велес. По незгодата пешакот е пренесен во Јавната здравствена установа -Велес, каде од страна на лекар е констатирана тешка телесна повреда  (фрактура на десен колк) и е задржан на понатамошно лекување.

 Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи  од Велес.

 

 

 

07.10.2017 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега