Температурите во минус - еве какво време не чека
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а преку денот ќе биде сончево и потопло.
Во среда ќе има зголемување на облачноста, особено во јужните делови од земјата.
10.10.2017 - 08:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа