Тажна вест: Почина легендарниот Гурко

Почина Горан Хаџи Димов Гурко, виновникот за многу музички спотови, омоти, плакати, фотосесии. Новинарот Антонио Димитриевски, кој важеше за близок соработник на Гурко напиша неколку емотивни реченици за она што уметникот со завршен шумарски факултет- ентериерно уредување, го направи во својата кариера.

- „Директоре…“  – како што знаеше да ме викаш… „Ќе работиме ли нешто?“ И работевме. Со Професор Гурко – како што му беше уметничкиот прекар. Цели 13 години… до последен здив. И заедно, а работеше и сам: Музички видеоспотови, фотосесии, забавно-музички емисии, реклами, играно-документарни серијали, дизајн за постери, плакати, обвивки на албуми… професоре знам, дека луѓето како тебе само физички заминуваат… од оваа страна на животот. Овде останува само она што зад себе го оставаат, да не потсетува на нив, да ни ги буди спомените, сеќавањата, да ни ги бранува чувствата, да ни ги допре емоциите… се до судниот ден. За да не се заборавиме, за кога еден ден ќе го минеме прагот од другата страна на вечноста да не чувствуваме како странци! Затоа, ти благодарам за се што направи, за сите заеднички мигови на работа, соработка, за сите твои идеи и реализации, за целата наша професионална и приватна дружба…напиша Антонио.

Извор: Вистина.мк

 

 

 

11.10.2017 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега