Делчево во црно: Потресно сведоштво за семејството кое загина во сообраќајка

Огромна трагедија ја потресе Македонија, во Делчево денеска е прогласен ден на жалост откако семејство со дете загина вчера во страшна сообраќајка.

Како што објавува ТВ Стар, празничниот ден во градот овој 11 Октомври донесе траорна слика со празни локали каде нема или се слуша само класична музика, откако загинаа 32-годишниот Дејан,27-годишната Емилија и нивниот двегодишен син, во страшна сообраќајка.

Семејството имало многу планови, планирале да се селат од Македонија.

-Ги познавав, ова е трагичен ден за цело Делчево. Оваа несреќа се надевам дека ќе ги сплоти сите делчевчани. Како и сите млади и тие се соочија со невработеност, со маките, беа принудени да го бараат патот надвор од Македонија, но за жал ете трагедијата ги спречи во нивните намери, вели жител на Делчево за ТВ Стар.

За потсетување, семејството загина вчера враќајќи се од Скопје на десетина километри пред Делчево магистралниот пат Кочани Делчево во директен судар со камион натоварен со дрва.

 

 

 

11.10.2017 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега