Регионална конференција за односите на ЕУ и земјите од соседството

Во Берлин денеска ќе се одржи конференција на тема „Јавниот дијалог во Европа - Повторно поврзување на ЕУ со своите граѓани и соседството“, со учество на претставници на земјите од Западен Балкан и на Унијата. 

Во рамки на конференцијата ќе се одржат повеќе панели, од кој еден е посветен на односите меѓу ЕУ и земјите од регионот, насловен „Комуникациските предизвици меѓу Европската унија и Балканот - Берлинскиот процес и евроскеприцизмот, како да се подобри дијалогот и соработката со граѓаните“.  

На панелот, со кој же претседава известувачот на Европскиот парламент за Србија и претседавач на парламентарниот Комитет за надворешни работи, Дејвид Мекалистер, меѓу останатите ќе говорат министрите за европски интеграции на Србија и на Црна Гора, Јадранка Јоксимовиќ и Алекнсадар Андрија Пејовиќ, хрватскиот помошник министер за надворешни работи Борис Григиќ и првиот човек на Генералниот директоррат за соседска политика и преговори за проширување при Еврокомисијата, Мачеј Поповски.

Организатори на Конференцијата се Здружението на владини службеници за комуникација во јавниот сектор во Југоисточна Европа и фондацијата „Конрад Аденауер“. 

 

 

 

13.10.2017 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега