Брутална тепачка во Скопје - малолетник се здбоил со тешки повреди

Четириесет и две годишниот А.З. од Скопје, вчера пријавил во полиција дека истиот ден во 19 часот неговиот 17-годишен син бил брутално нападнат од 10 непознати лица.

Напаѓачите го удриле со рака во пределот на тилот по што паднал на земјата и продолжиле да го удираат со удари со нозе и тупаници во пределот на телото. 

Од нападот малолетникот се здобил со отоци во пределот на главата, црвенило и гребаници во пределот на нозете и црвенило во пределот на грбот и стомакот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.10.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега