Заминал на лов, но не насетувал дека ќе му се случи најлошото - скопјанец завршил во болница

Вчера утрината во Градската општа болница „8-ми Септември“ бил примен 33-годишниот В.С. од Скопје со повреди од огнено оружје на десната страна на лицето, десното колено и десната рака. Имено, В.С., истиот ден бил на лов на „Зајчев Рид“ и околу 7 часот, додека се движел кон „Бардовечко брдо“, слушнал истрели од огнено оружје, по што се здобил со телесни повреди.

 Врз В.С. била извршена хируршка интервенција и се наоѓа надвор од животна опасност. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.10.2017 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега