Двојна победа на СДСМ во Охрид

 

Јован Стојаноски од Коалицијата „Живот за Македонија“ предводена од СДСМ е идниот градоначалник на Охрид. Според првичните официјални податоци на Државната изборна комисија, Стојаноски од вкупно излезените 33.754 граѓани на изборите освоил 18,251 глас или 54,07 проценти што е доволно за победа во првиот круг.

Коалицијата предводена од СДСМ победи и во трката за советнички места во идниот состав на советот на општината, со освоени 15.198, пред ВМРО ДПМНЕ со освоени 12.871 гласови.

Тука се уште и листите на коалицијата ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците со освоени 2.643 гласа, листата на независниот советник Љупчо Настоски со 1.180 гласа и онаа на ДПА со 323 гласа.

 

 

 

 

16.10.2017 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега